“Канал 5” Телевизија даде одговор зошто оваа година за прв пат нема директен телевизиски преност од “Пивофест”

После десетина години, овогодинешниот 17-ти по ред “Пивофест” остана без директен телевизиски пренос на националните телевизии.

Маркукуле стапи во контакт со “Канал 5” телевизија, од каде со години во живо го пренесуваа фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, нешто што допринесе за голема афирмација на најголемото музичко случување во државата.

За причината поради која оваа година изостана директниот пренос од фестивалот, од телевизијата велат:

“НЕСЕРИОЗНОСТА НА ОРГАНИЗАТОРOТ/ОРГАНИЗАТОРИТЕ, КОИ ИАКО ВЕТУВАА, КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ДОСЕГА ШТО БЕШЕ ПРАКСА, НЕ ОБЕЗБЕДИЈА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕНОС НА ПРИСТОЈНА МИНУТАЖА. ПОД ПРИСТОЈНА МИНУТАЖА ПОДРАЗБИРАМЕ БАРЕМ 30 МИНУТИ ПРЕНОС ОД СЕКОЈ АРТИСТ ЗА КОИ СМЕТАМЕ ДЕКА ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ ИМА ИНТЕРЕС. ОРГАНИЗАТОРОТ ОБЕЗБЕДИ САМО 3 ПЕСНИ ОД ИЗВЕДУВАЧ, ШТО Е ВО НАЈМАЛА РАКА НЕСЕРИОЗНО КАКО ЗА НАС КАКО НАЈВЛИЈАТЕЛЕН МЕДИУМ, ТАКА И ЗА ГЛЕДАЧИТЕ. ТОА ЌЕ ЗНАЧЕШЕ ДЕКА ЌЕ СЕ ВКЛУЧЕВМЕ НЕКОИ 10-НА МИНУТИ, ПА ЌЕ СЕ ИСКЛУЧЕВМЕ ОД ПРЕНОСОТ ОТПРИЛИКА ЕДЕН ЧАС, ПО ПОТОА ПОВТОРНО ПРЕНОС ОД 10-НА МИНУТИ. ОВА НЕМА НИКАКВА ПРОГРАМСКА ЛОГИКА. ОРГАНИЗАТОРОТ ВЕЌЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА ЗНАЕШЕ ДЕКА ПОД ОВИЕ УСЛОВИ НЕМА ДА ВРШИМЕ ПРЕНОС, И СЕПАК НА КРАЈ ОСТАНАА НА ТИЕ 3 МИНУТИ ПОНУДЕНИ. ВО СРЕДАТА ВЕЧЕР ГИ ИЗВЕСТИВМЕ ДЕКА КАНАЛ 5 ТВ, ЗА ОВАА ГОДИНА ЈА ОТКАЖУВА СОРАБОТКАТА”.

На прашањето дали вакви и слични проблеми имале во изминатите години и дали се задоволни од соработката со претходната локална власт и организатори на фестивалот, од “Канал 5” велат:

“МОРАМЕ ДА ПОТЕНЦИРАМЕ ДЕКА И МИНАТАТА ГОДИНА СО ОВАА СЕГАШНА ВЛАСТ, ИМАВМЕ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА, КАКО И СО ВЛАСТА ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ. ГОДИНЕШНИОТ НИВЕН КИКС ЌЕ ГО СМЕТАМЕ САМО КАКО „МОМЕНТАЛНА ОРГАНИЗАЦИСКА СЛАБОСТ“, КОЈА СЕ НАДЕВАМЕ НЕМА ДА СЕ ПОВТОРИ ДОГОДИНА”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.