И директорката на УЈП позитивна на Koвид-19

Директорката на УЈП Сања Лукаревска потврди дека е позитивна на кopoнавиpyc.

“После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Koвид-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила виpycoт, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција.

Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена.

Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација”, напиша директорката на УЈП на својот фејсбук профил.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.