Сигурно ви се случило и тоа често за време на напорниот работен ден да посакате барем на кратко, некој да ви го измасира грбот. Иноваторите имаат решение. Тоа е дуксерка која масира.
Се вика АirWear, a нејзините креатори се вработени во start-up компанијата Tware од Сингапур.
Направена е да можете да ја управувате со помош на мобилниот телефон, преку апликација, а се полни со помош на USB полнач, додека пак батериите траат околу 3 часа.
Ли Веи Лианг, директор и дизајнер, рекол дека оваа дуксерка е многу практична помош во канцеларија, за луѓе кои се приморани долго да седат на едно место. Посебно ја пофалил нејзината дискретна страна, бидејќи може да се носи како нормална дуксерка или јакна, при што по потреба се уклучува функцијата за масирање.
A.Г.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.