Иниеста даваше интервју, а потоа настана хаос: Избегната е огромна трагедија (ВИДЕО)

Андрес Иниеста имаше интервју за емисијата „Честер“ и за малку сето тоа ќе се претвореше во трагедија.

За потребите на интервјуто била направена и импровизирана трибина. И додека ѕвездата на Барселона, која по 22 години заминува од каталонската гордост го давала интервјуто, премногу заинтересирани се напикале на трибината, која одеднаш се срушила.

Од 50-на луѓе на истата, 18 завршиле со повреди, а само чиста среќа е што сето тоа не однело и некој човечки живот.

По оваа случка, се огласи и тој.

„По ужасот што го преживеавме утринава, сакам да упатам поддршка за сите и охрабрување за сите кои бевме таму. Се надевам дека повредените ќе закрепнат што е можно побрзо. Ве гушкам сите“, напишал Иниеста.