Избегната кaтacтpoфа во центарот на Скопје: Вработен на “Макпетрол” спречи eкcплозиja (ФОТО/ВИДЕО)

Вистинска катастрофа била избегната во центарот на Скопје, на бензинската пумпа која се наоѓа наспроти соборниот храм. На бензинската пумпа избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале. Во исто време, поради опасноста од експлозија, полицијата го блокирала пристапот на булеварите Партизанска и Илинденска – објави порталот “Лидер”.

Херојот на денот е еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол”, кој додека сите побегнале самиот извлекол апарат и го изгаснал огнот, со што спречил експлозија.

За неговиот херојски чин, за “Лидер” раскажуваат граѓаните кои се затекнале во близина.

-Додека сите избегаа еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол” самиот извлече против пожарни апарати и го гаснеше огнот кој избувна на бензинската. За малку, самиот спречи катастрофа. Кога дојдоа пожарникарите, нивниот командир го побара храбриот пумпач и му честита. – сведочи за Лидер граѓанин кој бил на лице место.

До “Лидер” граѓаните доставија и видео од хаосот кој се случувал на улиците на Скопје.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.