Златески: “СДСМ ги урниса и ФК “Победа” и РК “Прилеп” – од најспортски град, станавме град без спорт?” (ВИДЕО)

Пипците на злото наречено СДСМ уништија се’ што допреа и ги разорија сите свери на општественото живеење. После две години владеење на централно и локално ниво, не само што не изградија ништо, не само што не исполнија ниту ронка од ветениот живот за Македонија, туку и го урнисаа она што во последно време е национална гордост, а тоа е спортот – истакна на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Никола Златески, претседател на Унијата на млади сили од Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Неспособноста на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, резултираше со два второлигаши во наредната спортска сезона.

Фудбалскиот клуб Победа и ракометниот клуб Прилеп, од наесен ќе настапуваат во понизок ранг на натпреварување, иако се ветуваше создавање на европски клубови, со европски буџет и европски услови за работа.

Жално, но вистинито, клубовите кои живот значат за Прилеп и прилепчани, се доведени во катастрофална состојба, а властите како и за се друго мува не ги лази.

Излегоа на површина лажните ветувања за враќање на епитетот најспортски град во државата, за изградба на спортска сала во ОУ “Кире Гаврилоски”, за реновирање на спортската сала “Македонија”, реновирање на поранешната Соколана и повеќе пари за спортските клубови.

Градоначалникот ветуваше и реновирање и пуштање во употреба на Универзалната сала, изградба на спортска сала во ОУ “Koчо Рацин”, спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, како и формирање на Совет за спорт во Прилеп.
Ова се само дел од големите лаги и доказ за неспособноста на оваа локална власт која нема разбирање и почит кон спортот и спортската традиција на градот.

Потсетуваме дека во време кога локалната власт ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, ФК Победа после долги години се врати во Првата фудбалска лига, а РК Прилеп играше во европскиот Челинџ Куп.

Благодарение на овие успеси и бодувањето кое клубовите го имаа во изминатите години, деновиве Победа доби ваучер од Агенцијата за млади и спорт во висина од околу 54.000 евра, а за РК Прилеп се издвоени 109.000 евра.
За жал, овие средсва клубовите ќе ги трошат во Втора лига, каде ќе се натпреваруваат со клубови од аматерски ранг”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.