За тие кои го пропуштија! Филмот “Бизнисот на задоволството” и утре во кино “Мис Стон” во Прилеп

Утре, 22.10.2024г., со почеток од 19:30 часот во кино “Мис Стон”, љубителите на филмската уметност ќе имаам можност да го гледаат филмот “Бизнисот на задоволството”.

Влезници за филмот можат да се набават во понеделник и вторник (21 и 22.10.2024 година) од 10:00 до 12:00 часот и еден час пред самата проекција на филмот. Влезниците можат да се набават на билетарницата од киното.
Филмот е наменет за публика +16

****************************************************************

„ Бизнисот на задоволството”

Откако ја изгубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе, една новинарка опсесивно работи на својата цел да ја разбие мрежата за сексуално ропство. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Режисер: Гоце Цветановски

Продуценти: Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски

Актери: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска

Времетраење: 97 минути




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.