Филмот “Скејтбордингот не е за девојчиња”, премиерно во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 21 Октомври 2026 г. / среда/ од 19.00 часот во киното “Мис Стон” во Прилеп ќе се прикажува филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“, филм на Дина Дума.

За филмот: Кога сиромаштијата го загрозува нејзиното семејство, Адела мора да се бори преку својата страст кон скејтбордингот против конзервативното традиционално општество, за да ја спаси својата постара сестра – која сè уште е малолетна – од судбина што станува неизбежна: договорен брак.

***Времетраење: 83 минути/

Влезници на билетарницата од киното: понеделник, вторник и среда од 11.00 до 13.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.