За еден ден во Германија вakциниpaни над еден милион луѓе

Во Германија 1,1 милиони луѓе се вakциниpaни против кopoнавиpyc за еден ден, изјави денеска министерот за здравство Јенс Шпан.

Тоа е нов позитивен рекорд за една европска земја при зголемените размери на кампањата за вakцинациja.

Со 1,089 милиони дози инјектирани вчера во Германија, најголемата европска економија имунизира повеќе од еден процент од своето население првпат во рок од 24 часа, истакна Шпан.

– Ова покажува со колку голема брзина работиме, изјави министерот за забрзаното темпо на вakцинација од почетокот на кампањата кон крајот на минатата година.

Досега само Кина, Индија и САД успеаја да ја надминат оваа дневна бројка. Во Европа, Велика Британија претходно го држеше рекордот според најголем број вakцинации за едно деноноќие – со 874.000 дози дадени на 20 март.

Вкупно 21,6 милиони луѓе или 25,9 проценти од населението во Германија, примиле барем една доза на вакцина против Koвид-19.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.