Заев удира по работниците, ќе им ги скрати платите!

Како да не е доволен стравот кој коронавирусот го предизвика кај македонските граѓани, сега имаат дополнителен страв дека нема да можат да си платат ни за основните потреби.

Заев, кој во моментов нема друга функција освен лидер на партија, се постави себеси како премиер и промовира мерки кои ги претстави како добри, а всушност за голем број на граѓани тие ќе бидат катастрофални.

И не е прв пат од цела една прес-конференција социјалдемократите и медиумите блиски до нив да преувеличуваат само дел.

Така беше и денес. Неговите “мерки за справување со економската криза предизвикана од епидемијата на коронавирусот“, вклучуваат државата да обезбеди минимална плата за секој вработен во приватните фирми погодени од кризата, како и минимална плата за сите вработени во јавниот сектор. Од предложените мерки се изземени медицинскиот персонал, полицајците и војниците.

Додека од СДСМ ја промовираат само тезата дека функционерите ќе земаат помали плати, забораваат да го потенцираат најважното. Дека сите граѓани вработени во администрацијата ќе добијат мали плати

Како може Заев во ист кош да стави функционер чија плата изнесува и до 90.000 денари со административец кој зема 25.000 денари плата? Сега и едниот и другиот 14.500 денари.

Но, има една важна разлика, а тоа е дека со овие пари голем број на граѓани едвај ќе врзуваат крај со крај.

Заев удри по грбот на работниците, а сака пред јавноста да претстави слика дека некако помага. Овие одлуки се погубни и срамни, истите тешко ќе го поднесат граѓаните.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.