Жител од прилепско Беровци пронајден во нива со прострелна рана во градниот кош

Вчераутро во нива во атарот на селото Беровци бил пронајден починат 68-годишен жител на селото, со прострелна рана во пределот на градниот кош.

Како што информираат од СВР Битола, на 11 август 2026 година во 07:33 часот, во полицијата било пријавено дека во нива во атарот на село Беровци бил пронајден починатиот С.Б. (68) од истото село.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош од Прилеп, чии лекари констатирале смрт.

Во возилото на починатиот била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката.

Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.