“До лани беше МОЧОФЕСТ, а годинава демек ружи цветаат?!” (ФОТО)

Денеска стартува 16-то издание на „Пивофест 2018“, фестивалот кој изминатите години прерасна во бренд на градот и стана познат и надвор од границите на нашата земја.

Години наназад фестивалот беше критикуван од сегашните фукционери во општината, кои го нарекуваа градскиот бренд со зборовите: “мочофест”, “шунд”, “шлајм”, “сељачка манифестација”…..

Па ветуваа подобри услови кога тие како власт би го организирале фестивалот, со низа новитети, различна програма и што ли уште не…

Се чини дека сегашните пи-арови, директори и разни други функционери и чиновници ги фати длабока амнезија, па освен тоа што нема новитети, на посетителите им ги “насадија” подвижните вецеа на централна позиција, токму пред “Реклами”.

Значи стартува “Пивофест”, или како беше, “мочофест”?!