Добро прочитавте, не е грешка: Никола Калиниќ и Никола Калиниќ ќе играат во Фенербахче

Српскиот кошаркар и хрватскиот фудбале од следната сезона ќе бидат играчи во спортскиот гигант од Истанбул.

Никола Калиниќ и Никола Калиниќ во Фенербахче! Не е грешка, навистина е така. Српскиот кошаркар ќе го пречека во Истанбул фудалерот од Хрватска со исто име и презиме.

Никола Калиниќ, Србинот, веќе неколку сезони е еден од најважните кошаркари во турскиот клуб и миленик на Желјко Обрадовиќ. Ова лето му истекува договорот и му претстојат преговори со клубот, па прашање е колку долго ќе се дружат со неговиот имењак од Хрватска.

Од друга страна, хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ е играч на Атлетико Мадрид, но Диего Симеоне повеќе не смета на него. Минатата сезона ја помина на позајмица во Рома, а во клубот од Рим не се расположени да го откупат. Оваа ситуација сака да ја искористи Фенербахче и да го доведе на едногодишна позајмица.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.