Директорката на Центарот за култура од Битола: “Министерство јас не сум магионичар, јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила!”


Фото/ТВ Тера

Министерство јас не сум магионичар! Јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила, напиша на својот фејсбук профил директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска-Илијевски.

Реакцијата следува откако во годишната програма на Министерството за култура не беа предвидени средства за Интернационалниот фестивал на монодрама од Битола, а другите манифестации останаа со скратен буџет.

“21 година Фестивал на Монодрама, член на интернационален форум One man show под Унеско, оваа година не доби средства во годишната програма на Министерството за култура. Прво мислев дека неможам да го најдам, потоа дека е некоја грешка во објавувањето на програмата… Значи на крај е сепак 0 денари.

49 години Илинденски денови, најстариот фестивал во републиката за Фолклорни песни и игри член на CIOFF, во кој е дел од 100 најдобри фестивали на светот оваа година е повторно со скратен буџет. А Битола во таа фестивалска недела прима над 1000 гости од земјата и светот, и сите поголеми угостителски капацитети на градот се во служба на фестивалот…

11 години Фестивал на музика од светот, буџет како лани -помалку од незадоволителен!

Министерство, јас не сум магионичар!
Јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила!”, напиша директорката на својот Фејсбук профил.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.