Димитриевски: Ќе биде тешко против Лихтенштајн, тие се добра репрезентација

Во пресрет на собирот на македонската А репрезентација за октомвриските натпревари против Лихтенштајн (8. октомври, Вадуц) и Германија (11. октомври, Скопје), репрезентативениот голман, Столе Димитриевски вели дека нашиот најважен меч е дуелот против Лихтенштајн на гостински терен.

Германија, вели Димитриевски, е многу поатрактивен натпревар за сите во тимот и добра шанса да ги одмериме силите на тоа ниво, но целата концентрација треба да ја насочиме на првиот натпревар.

„Мислам дека првиот натпревар против Лихтенштајн е најважниот за нас. Фаворити сме, треба да го добиеме тој меч, но ќе биде многу тешко затоа што Лихтенштајн е добра репрезентација. Видовме дека против Ерменија одиграа одличен натпревар и остварија позитивен резултат, 1:1 на гостински терен. Квалитетно се спротиставија и на Германија. Фаворитот во нашата група ја осигура победата во последните 20-на минути.

Треба да бидеме фокусирани во текот на сите 90. минути за да дојдеме до победа. Мораме да одиграме сериозен натпревар, да бидеме цврсти на сите делови од теренот и секако внимателни во дефанзивниот ред за да останеме без примен гол. Се разбира и да реализираме некоја од шансите за погодок што мислам дека секако ќе ги направиме.

Германија е многу поатрактивен натпревар за сите нас, но треба да останеме фокусирани на првиот меч против Лихтенштајн. Победивме на гости против Германија, сакаме да се надигруваме на тоа ниво, но сега ќе биде сосема поинаку. Повторно ќе кажам, најважно за нас е да оствариме најпрвин позитивен резултат во Вадуц, а тоа за нас е победа“.

Подготовките за двата меча против Лихтенштајн и Ерменија, македонската репрезентација ќе ги започне на 4. октомври.

Извор:ffm.mk






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.