Дали прилепските матуранти сакаaт да полагаат целосна матура? 70% од нивните врсници одбиле

Сојузот на средношколци денеска соопшти дека бојкотот на наставата е успешен.

– Во четврток (21 јануари) бојкотираа 78% од матурантите, а во петок (22 јануари) 71%. Причината за овој надолен тренд се притисоците и заканите од страна на училишните директори и наставници врз учениците. Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна. Истовремено ги демантираме лажните вести дека ССРСМ и МОН постигнале договор. Таквите вести се комплетно неточни и имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и, многу поважно, матурантите. Наместо ширење лажни вести, властите треба да се соочат со аргументите на Сојузот и да ги прифатат нашите барања, велат од Сојузот на средношколци.

Бојкотот продолжува и од утре.

Инаку, денеска на средношколците поддршка им даде и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Учебната година почна со еден месец задоцнување, и часот трае 30 до 35 минути, што значи скратување на наставните денови од 180 на најмалку 159 и од 166 на најмалку 145 за матурантите. Средните стручни училишта останаа со минимална или никаква пракса. Во наставниот процес се појавува како кусок на содржини, така и настава без повторување, а да не зборуваме за она што веќе многу пати е кажано, техничките потешкотии и пропустите во онлајн наставата. На учениците вклучувајќи ги и матурантите министерката Мила Царовска им вети скратени програми. На веб-страницата на Државниот испитен центар се објавени испитните програми за матурантите 2020/2021 година, истакна на прес-конференција Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.