“Градоначалникот Јованоски и министерот Сугарески во друштво на македонските фризери” (ФОТО)

Над 150 учесници, фризери, бербери и козметичари од Македонија и странствосе дел од големиот спектакл „Prilep Special Show“ кој започна вечерва во домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Организатор на настанот е здружението на фризери, бербери и козметичари од Прилеп.

Оваа манифестација за прв пат се одржа минатата година и предизвика огромен интерес кај јавноста затоа што е единствен настан од ваков вид во Македонија.

„ Prilep Special Show“ кој ќе трае два дена ја отвори градоначалникот Илија Јованоски.

На настанот беше присутен и Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со Јованоски се фотографираше со дел од учесниците.

ФОТО: www.prilep.gov.mk