Градоначалникот Мискоски наследил 800.000 евра долг, но враќањето на истиот веќе започна

Соопштение од одделението за финансиски прашања на општина Кривогаштани

Почитувајќи го правилото за транспарентност во работењето на Општина Кривогаштани го издаваме следново соопштение за финансиската состојба од март 2013 до октомври 2021 година:

– На 31/03/2013 Општина Кривогаштани заврши со негативен финансиски резултат од 14.316.362,00 денари вкупен долг кон доверителите на општината.

– Во периодот од 31/03/2013 до 31/10/2017 Општина Кривогаштани заврши со негативен финансиски резултаат од 24.944.520,00 денари главен долг кон доверители и 10.791.288,00 денари земен кредит од Светска Банка.

– Во период од 31/10/2017 до 01/11/2021 год Општина Кривогаштани заврши со драстично голем негaтивен резултат од 34.206.363,00 ден како и останата сума од прв кредит 8.193.945,00 ден, Втор кредит 2.659.720,00 ден и трет кредит 2.325.400,00 ден. или вкупно 47.385.428,00 ден

Новиот градоначалник, Николче Мискоски наследи вкупен финансиски долг од 47.385.428,00 ден, а Во период од 01/11/2021 до 29/12/2021, вратени се 2.715.659,00 ден долг кон доверителите на општината како и исплатена е дел од прва и цела втора рата од кредитот за изградба на улици во Општина Кривогаштани 639.657,00 ден.

Кон оваа состојба би ги додале и дополнително 30 извршни решенија кои дополнително ќе ја оптоварат со камати и судски и извршни трошоци и онака тешката финансиска состојба на Општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.