Го наследи талентот на својата мајка: Малата Мелани Тарчуловска ја запеа “Македонско девојче” во Турција пред 3.000 публика (ВИДЕО)

Малата Мелани Тарчуловска, инаку ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, очигледно го има наследено талентот за пеење од својата мајка.

Мелани во Анталија, Турција, на караоке музички настан, пред околу 2-3.000 публика ја запеа “Македонско девојче” и кажа дека доаѓа од Македонија, а потоа доби силен аплауз.

На настанот млади изведувачи пееле песни од светски познати пејачи, но нашета Мелани се одлучила да ја испее најпознатата македонска песна.

Мелани од оваа година е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“, а нејзината желба е да стане естраден пејач.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.