Големиот и храбар Синиша Михајловиќ: Стана од болничката соба, се спротистави на болecта и дојде да го води својот тим (ФОТО/ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ, кој води борба со лекуемија, покажува дека може да се даде отпор на страшната болест. Славниот српски фудбалер, кој сега е тренер на Болоња, ја напушти болницата и интензивната терапија за синоќа да седне на клупата на својот тим.

Болоња и гостуваше на Верона, а Михајловиќ, по неколку недели во болница повторно го зазеде своето место како шеф на стручниот штаб и лично го предводеше тимот.

Михајловиќ на 13 јули и соопшти на јавноста дека боледува од леукемија и дека во текот на лечењето ќе го следи и ќе води својот тим од болничката соба.

Тоа досега го правеше гласно и бурно преку видео врска, но сега направи голем чекор кон нормализирање на животот и повторно застана крај зелениот терен.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.