Во Штип се “испотепаа” кој го фатил крстот, а во Србија момчињата и дозволија на девојката да биде прва до крстот (Видео)

Интересна и несекојдневна случка го одбележа вчерашното празнување на големиот христијански празник Богојавление-Водици во српскиот град Заечар.

Помеѓу дваесетте пријавени учесници имало и една девојка, а кога епископот Иларион го фрлил светиот крст во водите, момците џентлменски и дале предност на дамата, а потоа и тие скокнале во водата.

Ивана Милојковиќ е девојката која го изваде крстот, а потоа се заблагодари за ваквиот гест на момците.

Момчињата за големиот гест добија пофалби од градоначалникот на општината, како и од епископот, кои овој нивни потег го нарекоа “витешки”.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.