Македонскиот мнозински народ ќе стане малцински, барем по заспапеноста во новиот владин состав. Ова ќе биде реалноста по се поизвесниот влез на Алијанса во Владата. Ако Димитар Ковачевски и Арбен Таравари постигнат финален договор, Албанците ќе имаат еден министер повеќе на сметка на Македонците, пишува Алфа.
10 ќе бидат од албанскиот политички блок, седум министри од македонскиот. Таравари сигурно би требало да ги добие Министерството за правда, каде на местото на Тупанчевски, ќе дојде актуелниот член на ДИК, Кренар Лога. Ќе го добијат и здравство, каде на местото на Беким Сали од Алтернатива, ќе дојде инфектолог Фадиљ Цана.
Во зависност од одлуката на Алтернатива дали ќе остана во Владата или не, може да добијат и трето министерско место, она во информатичко општество каде што шеф е Адмирим Алити. Ако партијата на Африм Гаши реши да остане во власта, тогаш можно вицепремиерското место за економски прашања да го загуби Фатмир Битиќи од СДСМ, за да бидат задоволени барањата на Алијанса за Албанците.
Со влезот на Таравари во Владат нема да се промени ништо, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели само во наредниве десетина месеци колку што и остануваат на оваа власт, само ќе видиме неколку нови побогати поличари на сметка на осиромашувањето на обичните луѓе.
Целата статија можете да ја видите ТУКА.