(Видео) Уште еден рекорд, уште една атракција: Во Дубаи се отвара најдлабокиот базен во светот – ќе биде дел од подводниот град

Дубаи е познат како дом на најголемиот облакодер во светот и најголемиот трговски центар, а сега ќе ја отвори вратата за уште една атракицај која руши рекорди – најдлабокиот базен во светот!

Базенот ќе биде длабок 60 метри и ќе биде дел од “Deep Dive Dubai” атракцијата. До сега Полска го држеше овој рекорд со базенот длабок 45 метри.

Најдлабокиот базен на светот ќе биде исполнет со 14 милиони литри вода, што е доволно за да се наполнат 6 олимписки базени. Признаните од Гинисовата книга за рекорди стигна на 27 јуни.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.