(Видео) Убавина за душа: Вака звучи првата снимена химна во изведба на Васка Илиева, Никола Бадев и Александар Сариевски

Првата снимена верзија на песната, денес химната на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, поместена како прва песна на третата по ред лонг-плеј грамофонска плоча во изведба на триото: Васка Илиева, Никола Бадев и Александар Сариевски, пропратени со звуците на хармониката на Кочо Петровски, датира од далечната 1965 година за музичка куќа од Канада. Имено станува збор за едиција од 4 лонг-плеј грамофонски плочи под името „Македонски ритам“, две од 1964 година и уште две од наредната 1965 година. Текстот е напишан во 1941 година од Владо Малески.

„Колажот е изработен со најдлабоките патриотски чувства кон МАКЕДОНИЈА, земја чие име опстојува повеќе од еден милениум. Искористен е само мал дел од симболите на МАКЕДОНИЈА, што ја окарактеризираат од антиката до денес, кои претставуваат МАКЕДОНСКА КУЛТУРА и своевиден печат во историјата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, како и аманет за идните генераци МАКЕДОНЦИ да го ценат она што го наследиле од своите предци и да продолжат да пеат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.“, стои во описот на видеото.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.