(Видео) Снег до кров: Граѓаните копаат тунели до своите домови

Силен циклон го зафати островот Сахалин на рускиот далечен исток, носејќи силен ветер и снег кој ги затрупа куќите до кров.

Поради тоа многу жители биле принудени да копаат тунели до своите домови. На моменти ветерот достигнувал брзина од 125 километри на час.

Според градоначалникот, комуналните служби непрекинато работат, ги чистат главните сообраќајници, но за многу кратко време повторно се формира снежна покривка.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.