(Видео) Нервозата од теренот се рефлектираше на трибините – Инцидент меѓу Фалангата во салата во Краков

Катастрофалниот резултат на теренот против Аргентина, резултираше и со турканица и вербални напади помеѓу членовите на популарната македонска фаланга.

Се чини дека нашите навивачи очекуваа сосема поразличен резултат од македонските ракометни избраници, па новото разочарување предизвика да го кркаме и овој срам на трибините, и тоа пред очите на целата светска ракометна јавност.

Македонија ги загуби сите три натпревари во групната фаза, па по поразот од Аргентина се сели во Плоцк, каде ќе биде единствена европска репрезентација во Президент Купот и ќе го има најслабиот пласман во досегашните учества на Светските првенства.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.