(Видео) Неверојатно: Научниците направија вештачка кожа која ќе им овозможува на луѓето со протеза да чувствуваат допир, топлина, па дури и бoлka

Научниците во Сингапур создадоа “вештачка кожа” со која ќе може да се почувстува допир, што е иновација која многу ќе им помогне на луѓето со протези да ги препознаваат предметите и да ја почувстуваат нивната текстура. Тие тврдат дека со оваа кожа луѓето ќе можат да почувстуваат температура, па дури и болka.

Оваа “кожа” наречена “ACES” ја сочинуваат околу 100 мали сензори и има големина од 1 квадратен сентиметар.

Научниците од Националниот универзитет во Сингапур велат дека овој уред може да процесуира информации побрзо од човечкиот нервен систем и е способен да препознае од 20 до 30 различни текстури, може да ја чита и Браевата азбука со повеќе од 90% точност.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.