(Видео) Најголемата добивка на лотарија во историјата: Купил тикет за две евра, а добил 209 милиони

Најголемата добивка во историјата во италијанската популарна лотарија, СуперЕналото, вредна 209 милиони евра беше извлечена вчера, а среќниот тикет е купен во местото Лоди.

Добитникот за две евра купил тикет во бар во “Марино” и ја добил феноменалната добивка.

Оваа добивка ја надмина лотаријата на Еуромилиони и Еуроџекпот каде најголемиот износ беше 75 милиони, како и американската Мега Милиони и Пауербол, каде се извлечени добивки од 56 и 138 милиони долари (околу 58 и 123,5 милиони евра).


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.