(Видео) Моменти кога цел Прилеп живееше за фудбалот: Еве како се дочекуваше пелагониското дерби Победа-Пелистер

Видео од 2015 година пред пелагониското дерби Победа-Пелистер, моменти кога фудбалскиот жар се враќаше во фудбалски Прилеп во сезоната во која Победа се врати во Првата лига.

Стадионот “Гоце Делчев” беше полн со публика и се веруваше дека фудбалскиот миленик на прилепчани ќе се врати на старите патеки.

Гледано од денешна перспектива, Победа одново се наоѓа во понизок ранг на натпреварување, реконструкцијата на стадионот сеуште не е завршена, а клубот се наоѓа во тешка резултатска криза, па дури е можно испаѓање и во трета лига.

Погледнете ја оваа прекрасна атмосфера:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.