(ВИДЕО) ЗАШТИТНИК НА ДЕЦА: Ротфајлер спречи родител при злоставување на дете!

Еден ротфајлер ”наседна” на трикот на својот сопственик и му докажа на целиот свет дека е еден од најлојалните, најверни и најблагодарни миленици чувари на светот! Сопственикот на ротфајлерот исценира напад, во кој тој со ременот тргнува да го тепа детето, сцената ја сними, а снимката ја прегледаа повеќе од 5 милиони луѓе.

rotfajler_zastitnik

На снимката можете да го видите детето, кое лежи на креветот, додека неговиот татко, наводно го кара и му вели дека ќе добие ќотек. Потоа, тој исценирано тргнува кон детето со коланот, а реакцијата на ротфајлерот ќе ве изненади. Во истиот момент, ротфајлерот тргнува кон таткото, загризувајќи кон раката во која тој го држи коланот со цел да го спречи нападот!

Имајте предвид, дека не станува збор за вистинско злоставување на деца, туку за исценирана ситуација во која сопстевеникот на ротфајлерот сака да покаже дека овие кучиња се едни од најдобрите и најлојални заштитници на семејството.

 








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.