Вечерва РОК И БЛУЗ на Камена бина во Прилеп

Прилеп вечерва, 13 август, ќе биде во знакот на рок и блуз музиката. Во рамките на проектот „Од 0 до КултурА“, на Камената Бина на Плоштадот “Александрија” ќе настапи прилепскиот ROCK BLUES BAND, со концерт посветен на легендарниот британски рок-бенд The Rolling Stones.

Концертот започнува во 21:00 часот, а публиката ќе има можност да ужива во препознатливите рок-класики на The Rolling Stones, во живата и енергична изведба на прилепските музичари.

ROCK BLUES BAND е формиран во 2015 година, а низ годините го изгради својот препознатлив стил, негувајќи го звукот на рок и блуз класиката. Бендот своите почетоци ги има на прилепската музичка сцена, а денес настапува и низ други градови во Македонија.

Во состав на бендот се Борче Шабаноски на гитара, Игор Јагуриноски како вокал, Горан Иваноски на тапани и Методија Костоски на бас.

Утрешната музичка вечер е уште една можност проектот „Од 0 до КултурА“ да ја донесе културата, музиката и живите настапи поблиску до прилепската публика.

Камената Бина на Плоштад Александрија, 13 август, со почеток во 21:00 часот. Вечер исполнета со рок-класици, музиката на The Rolling Stones и енергијата на ROCK BLUES BAND.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.