Важно соопштение од ЈП Стрежево Битола до земјоделците

На 8 јуни официјално започнa сезоната за наводнување на земјоделските површини – информираат од ЈП Стрежево Битола.

-Во тек е полнењето на цевководната мрежа и подготовката на системот за непречено и навремено снабдување со вода.
Ги повикуваме граѓаните кои имаат потреба од наводнување навремено да ги пријават површините што ќе ги користат и да склучат договори за наводнување, со цел ефикасно планирање и организирање на распределбата на водата.

Навременото пријавување и склучување на договорите ќе придонесат за подобра координација на системот и поквалитетна услуга за сите корисници.

Ви посакуваме успешна, плодна и родна земјоделска сезона – стои во соопштението од ЈП Стрежево.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.