Браво: Прилепчанец освои три награди од еден фестивал (Фото)

На Државниот филмски фестивал на аматерски филм кој се одржа во театарот “Антон Панов” во Струмица, прилепчани ги собраа речиси сите награди.

Eден од наградените прилепчани беше и Љупчо Ристески кој освои дури 3 награди.

Ристески се закити со бронзена плакета за документарниот филм “Томе Петрески изработувач на народни инструменти”, како и златна плакета за режија и Гранд при за краткиот игран фим “Бочварот Миле од Крушево”.

Честитки!






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.