Босанец херој на денот во Германија! Курирот Харис не ни знаел дека ќе испорача 3-годишно дете на куќна адреса

Дијана Д. од населбата Оберзендлинг во Минхен доживеала вистински шок кога сфатила дека и исчезнал синот (3).

Во саботата после пладне во дворот собирала лисје со тригодишниот Максим, но бил доволен само момент на невнимание малиот да исчезне.

“Секаде го барав, но не можев да го најдам”, рекла 37-годишната мајка.

Дијана не знаела дека малиот Максим налетал на својот ангел чувар. Харис Софтиќ, по потекло од Босна и Херцеговина, кој работи во ДХЛ, го видел расплаканото дете во близина на неговата куќа на улицата Ајденбах.

“Го препознав детето затоа што често испорачувам пакети во неговата зграда”, рекол Софтиќ, кој дневно доставува и по 100 пратки.

Меѓутоа, детето не ја знаело адресата туку на харис му рекло дека живее во градинка! За среќа, го кажало своето име што за Харис било доволно да го земе за рака и да повика полиција.

Мајката веќе го пријавила исчезнувањето на детето во службата за итни случаеви, а од таму на Харис му ја кажале адресата. Само 20 минути подоцна, курирот на ДХЛ го вратил Максим дома. Мајката Дијана ја добила највредната пратка од ДХЛ благодарејќи на Босанецот Харис Софтиќ.