Од полицискиот билтен на МВР:
-На 01.07.2026 во 17:00 часот на ул.„Ванчо Јаневски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.А.(53) од Битола бидејќи истиот со огнено оружје во семејниот дом се заканувал на неговата сопруга.
-На 01.07.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(50) од Прилеп пријавила дека била физички нападната од нејзината стрина Р.М..
Се преземаат мерки за расчистување на двата настани – информираат од МВР.
























