Бизарната историја на олимписките маратони !

olympic-marathon

Низ историјата, маратоните ги трансформирале обичните луѓе во херои и борци. Но во историјата на маратоните низ Олимписките игри, содржани се најбизарните спортски приказни.

Првиот маратон се трчал во 1896 година на Олимписките игри во Атина. Се трчало низ различни делови од државата и маратонците биле изложени на различни временски непогоди. Првите три места им припаѓале на грци,  а само 9  маратонци ја  завршиле трката од вкупно 17.

По 8 години од првиот олимписки маратон следува најчудниот на сите времиња. На маратонот во 1904 година во Сент Луис се трчало на многу непристапни места, на високи ридови, во прашина и големи невремиња. Постоеле само две места каде што се земало вода, па голем број  од маратонците се соочиле со дехидрација. Поради сите овие причини,  маратонците биле принудени дел од патот да го поминат со воз, трамвај  или други превозни средства.

Маратонецот Леи Тау кој можеби ќе завршел на подобра позиција, на дел од патот го бркале бесни кучиња. Додека кубанецот Феликс Карбајалм бил принуден да преспие, но сепак завршил на четвртото место.

Победник на трката бил британецот Томас Хикс.

marathon_hicks1904

 

 


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.