Баерн Минхен се подготвува да грми: Филипе Кутињо денеска претставен во Баерн Минхен

Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен утрово го промовираше Филипе Кутињо како свое ново засилување. Бразилецот стигнува во Минхен како позајмен играч, а доколку „баварците“ сакаат да го откупат неговиот договор следното лето ќе треба да платат 120 мил. евра.

-Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Филипе Кутињо. Бразилецот ги помина медицинските тестови во неделата и го потпиша договорот. Тој ќе игра една година како позајмен играч од Барселона. Баерн Минхен има опција целосно да го откупи по истекот на позајмицата. Сите страни се договорија да не се објавуваат финансиските детали, стои во соопштението на Баерн.

-За мене овој трансфер значи нов предизвик, нова земја со еден од најдобрите клубови во Европа. Како и Баерн Минхен, и јас имам големи амбиции и уверен сум дека ќе ги остварам заедно со моите нови соиграчи, изјавил Кутињо.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.