Амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ денеска ја посети општина Прилеп

1

Градоначалникот Марјан Ристески, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ.

Градоначалникот Ристески и Бабиќ, разговараа за актуелните состојби во двете држави, а посебно внимание беше посветено на економската соработка. Двајцата се согласија  дека од особена важност е да се развива економската соработка поинтензивно и да се постигне ново повисоко ниво. Ова е нивна прва посета на општината и градот. На денешната средба стана збор и за тековните проекти, активности и настани, а гостите беа запознаени и со проектите кои треба да бидат реализирани во иднина.

2


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.