Авто Контрол активно се вклучи во кампањата „Безбедно на мотоцикл“, чија цел е подигнување на сообраќајната свест и унапредување на безбедноста на мотоциклистите и сите останати учесници во сообраќајот.
Во Прилеп викендов се одржа мото фестивал, а тука беа присутни и претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот, Отсекот за превенција при СВР Битола, полициски службеници од ПО за БПС Прилеп, кои заедно со претставници на мотоклубовите ја презентираа кампањата.
Преку непосредна комуникација со мотоциклистите и граѓаните, беа испратени важни превентивно-едукативни пораки за одговорно учество во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и користење соодветна заштитна опрема.
Како компанија која повеќе од 12 години е присутна и активна во областа на сообраќајот, Авто Контрол ја поддржа иницијативата со конкретен придонес. Во рамките на мото хепенингот беа поделени заштитни елеци за мотоциклистите, со јасна порака дека безбедноста секогаш треба да биде на прво место.
Кампањата потсетува на неколку основни, но исклучително важни правила: носење заштитна кацига, одговорно управување со мотоциклот, непочитување на алкохол при управување со моторно возило и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Со поддршката на ваквите активности, Авто Контрол продолжува да придонесува кон подигнување на сообраќајната култура и создавање побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот.
„Возете одговорно, носете кацига, почитувајте ги правилата. Секој живот е важен”, порачуваат од Авто Контрол.
Авто Контрол – 12 години со вас, за побезбедни патишта.




























