Крушево ги спојува Европа и адреналинот: Нов ЕУ-проект и светско првенство во параглајдинг

Крушево денеска ќе биде во знакот на природата, авантурата и параглајдингот. Во градот ќе биде претставен прекуграничниот проект „Крушево и Елбасан – патување во природа и авантура“, поддржан од Европската Унија, а воедно ќе биде отворено и Светското јуниорско првенство во параглајдинг – Крушево 2026.

Проектот се реализира во рамки на програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. На промоцијата се најавени обраќања на градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, претставници на Делегацијата на Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, како и проектниот менаџер Елизабета Ѓоргиевска.

Во рамки на настанот ќе биде отворена и натпреварувачката програма на светското јуниорско првенство, на кое ќе присуствуваат претседателот на Светскиот параглајдинг куп, Горан Димишковски, и делегација од Општина Елбасан.

Присутните ќе имаат можност да го посетат и новоизграденото полетувалиште за параглајдинг „Црн Врв“, каде што е најавен и првиот официјален демонстративен лет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.