Се менува законот: Доаѓа крајот на спортските обложувалници во Македонија?

Со измени на Законот се предвидуваат нови давачки за спортските обложувалници кој за еснафот се порака дека Владата сака да му стави крај на обложувачкиот бизнис во Македонија

Државата планира со новиот закон да го задолжи обложувалниците покрај актуелните давачки да плаќаат дополнителни 1600 евра за секое уплатно место, што според Асоцијацијата на спортски oбложувалници е огромна давачка која ќе ги зголеми месечните давачки за 35 до 40%.

Паралелно со воведувањето на новата давачка, во предлог-законот се предвидува двојно до тројно зголемување на давачките за лиценци со воведување на принцип на дополнителни лиценци за секои нови 50 уплатно-исплатни места, зголемување на банковите гаранции од 300.000 евра на 500.000 евра, и тоа по поединечна лиценца, двојно зголемување на казнените одредби и жестоки нови надоместоци на име на проценка на ризик од Управата за финансиско разузнавање.