Небото над Сирија одново горело вечерва: Пентагон вели, ракетите не се наши

0

Сирискиот ПВО систем одговорил на воздушни напади во подрачјето на градот Хомс, јавува агенцијата “Сана”. Mинистерството за одбрана на САД соопшти дека во таа област во тоа време немало американски воени активности.

“Системите за противракетна одбрана собориле ракети кои го нарушиле сирискиот воздушен простор”, пренесува агенцијата.

Како што јавуваат локалните медиуми, сирискиот ПВО систем срушил околу 9 ракети во подрачјето на Хомс кои биле насочени на авио-базата Шаират. Материјални штети и жртви нема.

Од војската набрзо за “Спутник” е потврден нападот. Како што е речено, сириската противракетна одбрана испалила околу 10 ракети.

За настанот се огласиле и од Пентагон, од каде се негира било каква вмешаност во новите напади.

“Немаше било какви воени активности на САД во таа област и во тоа време”, пренесува “Ројтерс”.