“Лидер”: “Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле децата во ЕЛЕМ”

0

Дојде живот за децата на високите функционери на власта. Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле своите деца во ЕЛЕМ, jавува порталот “Лидер” кој се повикува на извори од оваа државна компанија.

Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери, во АД ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи од петти месецов, пишува порталот.

Од истиот датум, како инженер за животна средина, вработен е и Димитар Грчев, кој е син на архитектот Мирослав Грчев кој во исто време е советник во Министерството за култура и голем промотор и подржувач на политиките на власта – додаваат од “Лидер”.

Децата на функционерите се вработени со договор за привремено вработување, што за порталот било потврдено и од анонимни извори од Агенцијата за вработување.