Ова е улицата “Ѓорѓи Сугаре” во Прилеп, новоасфалтирана улица во 2024 година, две години подоцна речиси и да нема здраво место на асфалтот.
Водоводни цевки пукаат речиси секој месец, дефектите се санираат од Водовод и канализација, а дупките и пресечениот асфалт остануваат и се множат.
Поради тоа дефектите одново се појавуваат секогаш кога по улицата ќе помине потешко возило. И така одново пивка вода тече по улицата со денови, а крајот на проблемите на жителите на оваа улица не се гледа.
Иако ова е само една улица, и веројатно истиот проблем го имаат жители и на многу други улици низ градот, ова е класичен пример како нечовечки и без грам совест и одговорност се трошат народните пари.
Да асфалтираш целосно улица, да потрошиш милиони денари, а притоа да не ги промениш дотраените водоводни цевки и потоа да вршиш сечење на асфалтот, што е ако не КРИВИЧНО ДЕЛО?
Кај кого лежи одговорноста нема да зборуваме, нека се пронајдат сами, но ова е класичен пример КАКО НЕ ТРЕБА!
Погледнете ги фотографиите и споредете со состојбата на улиците каде што живеете:

































