Фонтаната посветена на шесте републики од СФРЈ за празникот реконструирана и ставена во функција

Како дел од одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба во Прилеп, локалните власти ја офарбаа и ја пуштија одново во употреба фонтаната пред сала “Македонија”, која патем ги симболизира шесте републики кои беа во состав на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Фонтаната долги години стоеше празна и пропаѓаше, а сега скулптурите се офарбани. Од локалната самоуправа велет дека ова е почеток на уредување на паркот пред салата, за која од Владата најавија дека целосно ќе се реконструира во наредните две години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.