Филипче иди во Прилеп, ќе ги осуди ли конечно злоделата на бугарските фашисти?

СДСМ ги повикува сите граѓани, членови и поддржувачи да се приклучат на граѓански марш кој ќе се одржи оваа сабота во Прилеп, по повод одбележувањето на 85-годишнината од почетокот на Народноослободителната борба.

Маршот ќе се одвива под мотото „Непокор. Борба. Иднина.“, со цел да се оддаде почит на историскиот и пркосен дух на Прилеп и на сите борци кои ја извојуваа слободата.

На настанот свое обраќање ќе има и претседателот на партијата, Венко Филипче.

-Ве покануваме масовно да се приклучите и заедно, со крената глава, да ги афирмираме вредностите на антифашистичката борба, државноста и заедничкиот напредок. Својот непокор и борба ги преточуваме во јасна визија за подобра иднина на сите граѓани. Се гледаме во сабота во Прилеп, стои во поканата од СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.