Љубителите на шахот имаат уште малку време да го обезбедат своето учество на Третиот турнир во забрзан шах „ПЕЛАГОН 2026 – 3“, во организација на шаховските клубови „Пелагон“ и „Прилеп“.
Турнирот ќе се одржи во недела, 29 ноември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во Домот Тризла 1, на улицата Круме Волнароски бр. 115.
Ќе се играат 9 кола по швајцарски систем, со темпо од 10 минути по играч и додаток од 5 секунди за секој потег. Турнирот ќе биде рејтингува за ФИДЕ рапид-листата.
Предвидени се три редовни и две специјални награди, а за учесниците ќе бидат обезбедени кафе, благо и освежителни пијалоци.
Уписнина: 200 денари.
Пријавувањето трае најдоцна до утре, 27 ноември!
E-mail: [email protected]
Телефон: 072 932 136
Бројот на учесници е ограничен, затоа не чекајте до последен момент!
Ве очекуваат добра шаховска игра, натпреварувачки дух и одлично дружење!
























