Уште само 5 дена до спектаклот во Хераклеја: Се продаваат последните влезници за концертот на Саша Ковачевиќ

Одбројувањето започна! Остануваат уште само пет дена до долгоочекуваниот концерт на еден од најпопуларните регионални поп-изведувачи, Саша Ковачевиќ, кој на 26 јули ќе настапи на сцената на античкиот локалитет Хераклеја во Битола.

Интересот за концертот е огромен, а организаторите информираат дека во продажба се последните влезници, па сите кои сакаат да бидат дел од ова музичко доживување треба навреме да си обезбедат билет.

Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со најголемите хитови на Ковачевиќ, меѓу кои: „Температура“, „Лапсус“, „Случајно“, „Живим да те волим“ и многу други кои со години ги полнат концертните сали низ Балканот. Единствената атмосфера на Хераклеја ветува незаборавна летна вечер под отворено небо.

Концертот започнува во 20:00 часот, а влезници сè уште може да се набават во Тобако Димпо, Тобако Бротхерс, како и онлајн преку KupiKarta.

Не чекајте до последен момент, последните карти се во продажба!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.