Твојата вештина може да стане твоја професија: Започнува новата програма на Винчини Академија

Љубовта кон месeњето, печењето и создавањето вкусни производи може да стане и професија. Токму тоа го нуди Винчини Академија во Виница, која на сите заинтересирани им овозможува да стекнат професионални знаења и практични вештини од областа на пекарството, слаткарството и кондиторството.

Станува збор за сертифицирана програма „Изработувач на кондиторски и пекарски производи“, структурирана во осум модули, преку кои учесниците се запознаваат со производството на пекарски, слаткарски и кондиторски производи, организацијата на работата, пакувањето, управувањето со опрема, како и контролата на квалитет и сензорната анализа.

Она што ја издвојува програмата е нејзиниот силен практичен карактер. Од вкупно 120 часа настава, дури 92 часа се практична работа, додека 28 часа се посветени на теоретска настава. Практичниот дел се реализира во современо опремен Винчини Развоен центар, кој располага со пилот-постројка, производен погон и лабораторија со професионална опрема за производство и тестирање на различни производи.

Учесниците ќе имаат можност да учат од искусни технолози и професионалци, а програмата опфаќа теми од производство на леб, бели печива, бурек и лиснати теста, преку чоколадни и какао производи, бонбони, карамели, локум и алва, па сè до торти, колачи, десертни порции и сладолед. Дел од наставата е посветен и на хигиената, безбедноста на храната и НАССР принципите, како и контролата на квалитетот.

Винчини Академија е дел од Фондацијата „Прогресив“, основана од Макпрогрес ДОО Виница, со цел развој на едукативни програми, унапредување на професионалните знаења, поддршка на бизнисот и создавање можности за развој на нови кадри.

Програмата е наменета за оние кои сакаат да изградат нова кариера, да ги надградат постојните знаења или да се подготват за сопствен бизнис во областа на пекарството, слаткарството и кондиторството. Особено значајно е што не е потребно претходно искуство во овие области, а за упис е потребно најмалку завршено основно образование и возраст над 17 години.

Новата програма започнува на 18 септември, а цената за целата програма изнесува 690 евра.

Сите заинтересирани кои сакаат својата вештина и љубов кон пекарството, слаткарството или кондиторството да ја претворат во професија, можат да се пријават преку следниот ФОРМУЛАР:

ПРИЈАВИ СЕ НА ПРОГРАМАТА

Не е доволно само да сакаш да месиш, печеш и создаваш – научи како тоа да го правиш професионално!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.