“Сите што навиваат за Интер одат у рајо, доволно се мачат на овој свет”

Корисниците на социјалните мрежи, а особено оние навивачи на лутите италијански ривали, не престануваат да собираат сеир, откако вечерва екипата на Интер не успеа да обезбеди влез во следната фаза од Лигата на шампионите.

Интер ремизираше со ПСВ, а со идентичен резултат 1:1 заврши и средбата помеѓу Барселона и Тотенхем, што на крајот го остави Интер на третото место на табелата и европска пролет, но во Лигата на Европа.

Сеир на сметка на калчолигашот од Милано се прави и во Македонија, па така еден корисник на Твитер напиша:

“Сите шо навиват за Интер одат у рајо. Доволно се мачат на овај свет”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.